25/04/2024
Македонија

УХМР: Облачно со повремени врнежи од дожд

Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Повеќе врнежи ќе има попладне, особено во западните и југоисточните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени.