25/04/2024
Македонија

УХМР од утре најавува постудена воздушна маса

Од УХМР известуваат дека следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег.

Од сабота кон крајот на денот ќе има спуштање на постудена воздушна маса, што ќе услови во следните два дена врнежи од снег да има и во некои котлини, особено во северните делови. Врнежите ќе бидат со слаб, а повремено на места со умерен интензитет.