29/03/2024
Македонија

УХМР: Повремени врнежи од дожд, на повисоките места од снег

Од УХМР известуваат дека денес попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните подрачја. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Во недела во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Нови врнежи се очекуваат во текот на ноќта и в понеделник кога поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во некои пониски места од дожд и снег. На планините ќе се формира нова снежна покривка.