29/03/2024
Македонија

УХМР: Повремени врнежи од слаб снег, ќе дува умерен северозападен ветер

Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде претежно облачно, околу пладне и попладне со повремени врнежи од слаб снег, а во западните делови со слаб до умерен интензитет.

Во вечерните и ноќните часови ќе дува умерен северозападен ветер, кој повремено ќе засилува.

Максималната температура ќе достигне од -4 до 4 степени.