23/04/2024
Македонија

УХМР: Се очекуваат поројни дождови и грмежи

Од УХМР известуваат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот на повеќе места се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 25 л/м2), кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Следните денови ќе преовладува променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи, како и со пораст на дневната температура.