20/04/2024
Македонија

УХМР: Студено и ветровито со врнежи од дожд и снег

Од УХМР известуваат дека денес ќе бидеме под влијание на студен и влажен бран од северозапад, така што времето ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од дожд.

На повисоките места и на планините ќе врне снег. Попладне постепено врнежите се очекува насекаде да поминат во снег и на повеќето места ќе се формира снежна покривка. Пообилни врнежи ќе има особено во источните и североисточните делови каде локално можно е да наврнат над 10 см снег. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец.

И утре ќе биде студено и ветровито, претпладне на истокот сеуште има услови за повремен слаб снег. Во среда ќе има преодна стабилизација, а в четврток се очекува нов влажен бран.