29/03/2024
Македонија

УХМР: Утре дожд, грмежи и засилен ветер, од среда стабилизација

Од УХМР информираат дека продолжува периодот на променливо облачно време со повремени  врнежи од дожд и појава на грмежи, а процесите ќе бидат со променлив интензитет.

Утре се очекува поизразена нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, додека во среда, во раните утрински часови, се уште се можни слаби врнежи од дожд, но во текот на денот се очекува постепено стабилизирање на временската состојба.