28/03/2024
Македонија

УХМР: Утре ќе имаме умерено до значително облачно време, наутро по котлините со појава на магла

Денеска имаме умерено до значително облачно време со слаб јужен ветер, по котлините магливо, а на повисоко со сончеви периоди и релативно топло за овој дел од годината. Во попладневните часови маглата краткотрајно ќе ослаби.

Од УХМР Македонија информираат дека  утре не очекува умерено до значително облачно, наутро по котлините со појава на магла, особено долж Повардарието. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините.