18/04/2024
Македонија

Укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на Ѓавато

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар се укинува во 08:30 часот. Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато се укинува во 11:10 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонијапат. Во североистичните и источните делови коловозите се местимично влажни. Во централните и јужните делови од државата коловозите се претежно суви. Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка, Маврово и Гостивар, но во моментов не преставува пречка за одвивање на сообраќајот.