26/04/2024
Струга

Украден сеф од наплатен пункт на ЕВН во Струга

Во периодот од 23:30 часот на 17.03.2018 до 06:00 часот на 18.03.2018 година, засега непознати сторители извршиле тешка кражба во наплатен пункт на „ЕВН – Македонија“ во трговски комплекс на Кеј „8-ми Ноември“ во Струга.

Сторителите со употреба на сила влегле во деловната просторија и одзеле сеф во кој, според кажување на одговорното лице, имало 935.000 денари, по што побегнале. Полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.