28/03/2024
Охрид

Украсена подводната новогодишна елка на дното од Охридското Езеро посветена на децата со ретки болести

Нуркачите на Нуркачкиот центар „Амфора” и Клубот за подводни активности „Охрид” годинава по 17-ти пат ја поставија и украсија подводната новогодишна елка на дното на Охридското Eзеро кај Заливот на коските, Градиште. На еден редок и уникатен начин тие своите новогодишни честитки ги упатуваат до децата со ретки болести на кои им ја посветуваат оваа ретка подводна новогодишна елка.

„Со желби за добро здравје , навремена дијагноза и достапност на лековите кои значат живот за децата со ретки болести по трет пат годиниве им ја посветуваме оваа елка токму нив, бидејки во нивниот живот полн со предизвици им е најпотребна нашата поддршка. Настанот на китење на подводната елка како една своедвидна атракција има големо значење за промоцијата на Охрид и претставува уште една причина да се посети Музејот на Вода.“ – изјави Јован Секулоски, претседател на Нуркачкиот центар „Амфора“.

„Благодарност до моите сограѓани за несебичната поддршка која ми ја даваат годиниве. Мојата желба е повеќе слух од институциите за пациентите со ретки болести и усвојување нацрт документот за Национална страегија за ретки болести од страна на владата на РСМ со која ке се унапредат политиките за грижа на овој тип на пациенти.“ – изјави Гордана Лолеска, граѓански активист и член на Здружението на граѓани со ретки болести „Живот со предизвици”.