28/03/2024
Охрид

Умерен урбанистички развој на Охрид согласно препораките на УНЕСКО

Во однос на Предлог -одлуката за утврдување нацрт- детален урбанистички план за УЗ 2, УБ 2.3-опфат 5, КО Охрид 3, Oпштина Oхрид , плански период 2013–2018, што се најде на дневен ред на 17-та седница на Советот на Општина Охрид, градоначалникот Стојаноски за медиумите изјави:

„Станува збор за точка на дневен ред на Советот на општина Охрид која е Нацрт урбанистички план. Треба да знаат и граѓаните дека во ваков случај најпрво следува Јавна расправа , по што се изработува предлог урбанистички план, по што во финална фаза е усвојување или не усвојување на тој нацрт план од страна на Советниците на градскиот Совет. Во случајов на Нацрт Урбанистичкиот план, ние сме должни како Локална Самоуправа она што го предвидел планерот да го ставиме на Совет. Одлуката на Совет и на вас медиумите навремено ќе ви биде позната. Односно дали ќе се усвои она што го предвидел изготвувачот на урбанистичкиот план или нема да се усвои ќе покаже времето. Дури и да се усвои Нацарт урбанистичкиот план во јавна расправа може да се побараат измени на тој урбанистички план па во изготвувањето на Предлог урбанистичкиот план може да има измени и на крајот дури и градоначалникот може да го прифати или не урбанистичкиот план. Така да немојте воопшто да се плашите дека она што како локална самоуправа го имаме зацртано, а тоа е да нема засилена урбанизација во градот, да постапуваме во слад со препораките на УНЕСКО, но во никој случај не сакаме да ги стопираме и урбанистичките планови кои што ги имаат граѓаните. Урбанизацијата е една цивилизациска придобивка за граѓаните и мора да следи. Во тој процес имаме различни мислења. Некои се за забрзан урбанистички процес, а некои за умерен. Оваа локална самоуправа на чело со мене како градоначалник ги прифаќа препораките на УНЕСКО и е за умерен урбанистички развој.“ – истакна градоначалникот Стојаноски којшто објасни и кои се ингеренциите на градоначалникот во однос на носење на урбанистичките планови.

„Градоначалникот има мандат да одлучува во оној момент кога пред него ќе стои Предлог урбанистички план. Затоа е функцијата на Советот, да дава свои предлози, да врши измени на нацрт урбанистичкиот план, да дава свои предлози во јавните расправи и да дава свои предлози при донесување на предлог урбанистичкиот план. Мене ми е сосема јасно дека одредени медиуми се поврзани со одредени шпекулации ,дека ние го носиме овој план што не е точно. Овој нацрт урбанистички план е започнат во претходните локални самоуправи. Ние како актуелна локална власт сме должни да го ставиме она што го предвидел планерот, а дали ќе се усвои или не тоа ќе го кажат советниците и во јавните расправи и во текот на гласањето. Граѓаните очекуваат урбанизација, очекуваат урбанистички решенија и донесување на урбанистички планови и дефинитивно во оваа ситуација во којашто и ние се наоѓаме не знаеме што е полошо дали да се носат или не урбанистичките планови. Многу често е заговарано прашањето за мораториум. Јас слободно можам да кажа дека оваа цела една година од нашиот мандат помина во мораториум, кога не е донесен ниту еден урбанистички план, но тоа не значи дека имаме и урбанистички прогрес. Урбанистички планови мора да се носат и тие ќе бидат приоритетот на Локалната самоуправа идниот период. Носењето на урбанистички планови не значи секогаш и забрзана урбанизација. Тоа да им е јасно и на граѓаните и на советниците и на оние кои што подгреваат шпекулации. Должност на локалната самоуправа е да носи урбанистички планови, а тие урбанистички планови треба да бидат од една страна во склад со барањата на граѓаните, а од друга страна да бидат во склад и со основната мисија на локалната самоуправа, а тоа е да го зачува статусот на Охрид како заштитен град од УНЕСКО.“ – подвлече градоначалникот Стојаноски.