29/03/2024
Македонија

Уметникот Ѓорѓе Јовановиќ се претстави со инсталацијата „Зад аголот“ во Солун

Со инсталацијата „Зад аголот“, уметникот Ѓорѓе Јовановиќ беше дел од фестивалот „SKG Bridges“ кој вчера заврши во Солун …

Инсталацијата на Јовановиќ беше поставена на атрактивниот пред Центарот за современа уметност, во комплексот музеи на солунското пристаниште.Станува збор за интервенција со „сообраќајни знаци“ што е продолжување на уметничката пракса во јавен простор која Јовановиќ ја развива во изминатите години.

Учеството на Јовановиќ на овој фестивал е резултат на соработката што неодамна ја почнаа музеите на современа уметност од Скопје и Солун.Целта на фестивалот „SKG Bridges“ е да воспостави соработка и размена меѓу културните институции, креативните групи и иницијативи од градот со уметници од различни сфери од регионот на јужна Европа.