18/04/2024
Македонија

Уникатен концерт Пјацола/Вивалди на дуото Кондратенко

Вечерва, со почеток во во 20 часот, врвните македонски виолинисти Анна и Олег Кондратенко, на сцената на Македонска филхармонија ке одржат солистички концерт насловен како „Годишни времиња – Пјацола/Вивалди“…

За првпат во Македонија, во иста вечер ќе бидат изведени, истоимените дела – „Четири годишни времиња“ – од двајцатанајистакнати композитори на две различни епохи – Антонио Вивалди и Астор Пјацола.

Комбинацијата на истоимените дела на Вивалди и Пјацола, ќе донесе сплет од различни расположенија, а и ќе ги нагласи културолошките разлики помеѓу медитеранска Европа и срцето на Јужна Америка.