Уредена дворната површина од поранешната касарна

По налог на локалната самоуправа екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ изминатиов месец беа ангажирани во расчистување на просторот на поранешната касарна „Генерал Михајло Апостолски„.  Се уредуваше дворната површина од касарната, пристапните патеки, полигонот и целиот реон со кој касарната граничи.

Отстранета е дивата и неуредна вегатација која подолг период се ширела во дворот од касарната. Уредени се крошните од дрвјата , отстранети се сувите гранки и деградирани стебла. Исчистен е полигонот од ниска вегетација и искосена тревната површина.

Подигнат е расфрланиот ситен и кабаст отпад во реонот на касарната и делот со кој касарната граничи, а во расчистувањето и подигањето на собраниот отпад ангажирана беше специјална механизација.