19/04/2024
Охрид

Успех на ученичка од ОУ „Григор Прличев“ на меѓународниот натпревар по англиски јазик

Ученичка од ОУ „Григор Прличев“ оствари голем успех на меѓународниот натпревар по англиски јазик. Емилија Николовска, ученичка во VII одделение во ОУ „Григор Прличев“ – Охрид се пласираше во финалето на Интернационалниот натпревар по англиски јазик English Without Borders – Hippo 2018.

Таа заедно со својата наставничка, менторот Билјана Маркоска, ќе учествува во финалниот круг на ова натпреварување во Италија на 12 и 13 мај.