28/03/2024
Спорт

Успешен настап на македонските пливачи на ЛЕН Меѓународниот пливачки натпревар „Едирне Опен“

Македонија имаше успешен настап (бронзен медал, две А финалиња, едно Б финале) на ЛЕН Меѓународниот Пливачки Натпревар “Едирне Опен” организиран изминатиот викенд (8-10.02.2019) од Турската Пливачка Федерација.

Македонската пливачка кадетска репрезентација настапи во состав:

Ева Петровска – 200 делфин (бронзен медал), 400 и 800 слободно, постигнати најдобри резултати и највредни во моментов според Фина Бодовна Таблица од МКД.

Јана Констандиновска – 200, 400 (Б финале), 800 слободно, ги исплива своите најдобри резултати.

Стефан Цветковски – 50, 100 делфин, испливани најдобри свои резултати.

Серге Пејковски – 200, 400, 800 слободно, (првпат учесник на меѓународен натпревар надвор од МКД) испливани резултати во рамки на своите најдобри досегашни.

Нашите пливачи беа предводени од тренерот Методија Ангелевски и претседателот на ПФМ, Александар Маленко.

Покрај спортскиот дел, вреди да се напомене дека двете пријателски пливачки федерации постигнаа партнерски договор за меѓусебна соработка од стручен карактер (размена на тренерски искуства), гостувања на ЛЕН пливачки натпревари во двете земји, како и техничка соработка за подигнување на систем за професионализација во секој сектор на една Пливачка Федерација.