28/03/2024
Спорт

Успешна промоција на „Охрид трчаТ“ на Атлетскиот маратон во Софија

Најголемата и најмасовната спортската манифестација во Охрид, Атлетскиот викенд Охрид трчаТ имаше успешна промоција на Атлетскиот маратон во бугарската престолнина, Софија.

Осумчлена охридска експедиција на експото на маратонот во Софија го промовираше спортскиот настан и градот кој оваа година домаќин беше на 1 100 учесници.

„Охрид трчаТ беше промовиран на уште еден голем настан. Со учеството и промоцијата на Охрид трчаТ ја завршуваме 2018 година. Ни останува уште гала вечерта на која ќе им се заблагодариме на нашите пријатели и поддржувачки кои од ден во ден се побројни.“ – изјави директорот на трката, Иван Цветкоски.

Спортскиот настан број еден во Охрид оваа година имаше успешна презентација на „Dumotion“ во хрватскиот град Дубровник и Скопскиот Визеир маратон кој собра 10 000 натпреварувачи.

Охрид трчаТ го промовираше плакатот, а во најскоро време ќе започне пријавувањето за учество на третото издание на Атлетскиот викенд во Охрид.