28/03/2024
Дебрца

Успешно заврши јубилејната 35-та Интернационална Ликовна колонија „Дебрца 2019“

„Го враќаме сјајот на една од најстарите ликовни колонии во Македонија.

Создадени преку триесет нови ликовни дела, повеќе од вкупно создадените во изминатите 5-6 години.

Голема благодарност до сите годинешни учесници на Ликовната колонија, благодарност за нивните дела, кои ќе бидат дел од културното наследство на колонијата.

Уште еднаш се покажа дека уметноста не познава граници, национални, верски, јазични и други бариери.

Ars longa, vita brevis или Уметноста е долга, животот е краток!“ – кажа градоначалникот Ногачески по повод затворањето на колонијата.