29/03/2024
Спорт

Уште 7 дена за пријавување на „Охрид трчаТ“ по промотивна цена

Рокот за пријавување по промотивна цена за учество на атлетскиот викенд Охрид Трчат кој ќе се одржи на 2 јуни истекува за седум дена, односно на 31 јануари.

Промотивната цена за стартниот пакет за рекреативната трка на 5 километри и тим билдинг трката изнесува 400 денари, а за трката на 10 километри стартниот пакет чини 700 денари.

Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите, сите за Спорт“ подготвува многу изненадувања и новини за третото издание кое повторно треба да ги помести границите во нашата земја.

Повеќе информации околу пријавувањето и новостите на Охрид Трчат можете да најдете на официјалната интернет страна (ohridtrcat.mk).