25/04/2024
Охрид

Уште еден интересен концепт на учење онлајн

Во изминатите десеттина денови откако прекина наставата во училиштата во нашата земја, наставниците на најразлични начини, преку социјалните мрежи, во отворени и затворени групи, ги организираат своите ученици да ја следат наставата. Задаваат инструкции и работни листови со цел учениците да ги следат содржините од наставниот план и прогама.

Интересен концепт на организација на наставата во овој период нуди веб-страницата odnasataucilnica.com која го следи наставниот план за III одделение. На страницата секојдневно во текот на работната недела се објавува едукативно видео и работни листови за тој ден. Активностите се организирани по денови, така што родителите лесно можат да ги следат и да им ги понудат на своите деца како еден интересен начин на учење.

Секако тука е и фидбекот како мотивација на учениците. На страницата, организирани во албуми можат да се најдат дневните изработки на учениците во вид на слики и видеа.

Учениците своите изработки може да ги праќаат како порака на било која од наведените адреси:

 http://odnasataucilnica.com/

https://www.youtube.com/channel/UCPY-joHTyRzAf1WUCJBRa3w?view=

https://www.facebook.com/Odnasataucilnica-348232145263922/