19/04/2024
Спорт

Уште седум дена до спортската манифестација „Охрид трчаТ“

Одбројувањето до почетокот на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ продолжува со презентацијата на медалите за победниците на 5 и 10 километарска трка и тим билдинг трката и за финишерите на 10 километарската трка кои организаторите ги подготвија.

„Финиш медалот ќе го добива секој учесник кој ќе ја заврши 10 километарската трка без разлика со какво време. Тој е дело на охридскиот дизајнерски тим предводен од дизајнерот Марта Пејоска. Како за потсетување дизајнерот Пејоска минатата година за сите победници на 10 километри изработи филингрански брошеви со логото на Охрид трчаТ кои дадоа дополнителен охридски шмек на на целиот настан. За сите кои претендираат да се на врвот на пиедесталот на трката на 10 км им порачуваме дека изработките на Марта Пејоска и оваа година ќе бидат со нас и за Вас.“ – велат организаторите.

До најголемата спортска манифестација во Охрид остануваат уште седум денови, а за пријавувањето на учеството уште три дена. Последен рок за пријавување е понеделник (28.05.2018) на полноќ.