Утре целосно ќе биде затворен за сообраќај кракот од  улица „Кленоец” 

Од Општина Охрид известуваат дека поради одржување на манифестацијата  „Ohrid calling 2019“ од 01.08.2019 до 05.08.2019 година, целосно ќе биде затворен за сообраќај кракот од улица „Кленоец” што минува низ касарната, од влезот во касарната до излезот кон улица „Радојца Новичиќ” .

Се апелира до сите учесници во сообраќајот, кои ќе се движат во близината на овој потег да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и времениот режим на сообраќај.