28/03/2024
Реклами

Утре извлекување во живо на добитниците во наградната игра „Бела зима“ на салоните за мебел „Гир Риг“

Со секоја сметка над 5.000 денари направена во салоните во Охрид и Битола, купувачите учествуваа во големата наградна игра на „Гир Риг“ во која најсреќните ќе добијат парче мебел по сопствен избор од „Топ листата“ на „Гир Риг“.

Извлекувањето ќе се одржи утре, пред празникот Богојавление-Водици, со почеток во 10:30 часот, во живо со екипата на Супер радио.

– Ги повикуваме сите кои сакаат да го следат извлекувањето во живо во салонот во Охрид. За сите други, за да се запази регуларноста, ќе обезбедиме видео пренос, кој ќе се емитува на нашата официјална страна на Facebook, информираат од „Гир Риг“.

No automatic alt text available.

No automatic alt text available.

Оваа година компанијата „Гир Риг“ го прослави 24. роденден. Започна со работа во далечната 1994. година, скромно и во салон на само 80 м2 и со неколку вработени.

– Со постојана грижа за купувачите, зголемување на асортиманот, успеавме да ја заслужиме нивната доверба што резултираше и со зголемен обем на работа и проширување на компанијата. Во 2004. година се преселивме во сопствени простории на преку 2.500 м2. Низ годините „Гир Риг“ прерасна во сериозна и општествено одговорна компанија, која е нераскинлив дел од животот на градот. Зад нас се години на посветеност, грижа за потрошувачите и продажба на најквалитетни производи. Во 2009. година компанијата отвори салон во Битола, каде по само две години, во 2011. година да бидеме прогласени за најпопуларен салон за мебел на територијата на Битола. Компанијата денес поседува модерен салон во Битола на преку 500 мₐ, информираат од „Гир Риг“.