28/03/2024
Спорт

Утре ќе биде отворен првиот меѓународен фудбалски турнир „Охридски Бисери“ генерација 2008, 2009 и 2010

ЈП „Билјанини Извори“ ја известува јавноста дека утре во 09 часот свечено ќе биде отворен првиот меѓународен турнир во фудбал „Охридски Бисери“ генерација 2008/2009 и 2010. Натпреварите ќе се одиграат на терените на Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ и тоа на 18 и 19 октомври со почеток од 9 часот и 30 минути.

„На турнирот ќе учествуваат 10 фудбалски екипи со своите тимови по генерации и тоа од Охрид, Хрватска и Црна Гора при што посебно би сакале да го истакнеме присуството на фудбалскиот клуб Динамо од Загреб. Ги покануваме сите фудбалски фанови да ни се придружат на свеченото отварање утре (петок) со почеток од 9 часот на градскиот стадион за да после тоа заедно со нас ги проследат возбудливите фудбалски натпревари од првиот ден на меѓународниот турнир „Охридски Бисери“.“ – информираат од ЈП „Билјанини Извори“.