19/04/2024
Охрид

Утре ќе биде отворена изложбата „Св.Климент Охридски во македонската книжевна и научната мисла во Македонија“

Во рамките на општинската прослава за одбележувањето на Св. Климент Охридски – Патронот и заштитникот на Охрид НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид утре – среда во 17 часот на свечен начин ќе ја отвори изложбата под наслов: „Св. Климент Охридски во македонската книжевна и научната мисла во Македонија“.

Ќе бидат изложени педесетина ретки наслови – изданија кои одблиску зборуваат за и околу животот и делото на Св. Климент и неговата мисија и создавањето на првиот универзитет на Балканот.

Преку изложбата ќе се види континуитетот од работата на Светите Кирил и Методиј, преку нивните ученици Светите Климент и Наум па сè до денес.

Во рамките на настанот ќе бидат доделени и наградите од литературниот конкурс по повод Месецот на книгата во организација на библиотеката.