28/03/2024
Охрид

Утре ќе биде затворен за сообраќај патниот правец Косел – Вапила

Се известуваат сите охриѓани дека утре во период од 8 до 16 часот ќе биде затворен за сообраќај патниот правец од село Косел до село Вапила поради започнување на градежните активности за асфалтирање на патот.

Надлежните служби на овој простор навремено ќе постават сигнализација за пренасочување на сообраќајот.