29/03/2024
Дебрца

Утре ќе се одбележат 75 годишнината од формирањето на Првата МКНОУПБ и Патронатот на ОУ „Дебрца“

Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Дебрца, по повод јубилејот – 75 годишнината од формирањето на Првата МКНОУПБ на 11 Ноември 1943 година во с.Сливово и Патронатот на ОУ „Дебрца“, организира свеченост на 09.11.2018 – петок со следната:

П Р О Г Р А М А

10:30 с.Сливово

  • Положување свежо цвеќе на споменикот во с.Сливово.
  • Обраќање на претседателот на ОО на СБ Охрид и Дебрца – Гоце Георгиески.
  • За борбениот пат на бригадата и нејзиното значење за конечното ослободување на земјата ќе зборува Наце Иваноски – Професор по историја.
  • Посета на спомен домот.

11:30ч

  • Положување свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ и жртви на фашизмот во с.Белчишта и на бистата на Трајче Дојчиноски.
  • Посета на ликовната изложба во ОУ „Дебрца“ во с.Белчишта.

12:00ч

  • Свечена програма по повод Патрониот празник на ОУ „Дебрца“ во с.Белчишта.