19/04/2024
Спорт

Утре ќе се одиграат натпреварите за прво и трето место од Бизнис лигата во мал фудбал

ЈП „Билјанини Извори“ со натпреварите за прво и трето место, утре (сабота, 31.03) со почеток од 17:00 часот ја заокружува организацијата на Бизнис лигата во мал фудбал за оваа година. 10 компании во изминатите два месеци одиграа многу натпревари исполнети со многу голови, убави потези и дружење.

17:00 Натпревар за трето место: ЈП „Охридски Комуналец“ – Метропол

18:00 Натпревар за прво место: Жито леб – ХТЛ Леарница

Покрај наградите за најдобрите четири екипи ЈП „Билјанини Извори“ има обезбедено и награди за најдобар играч, голман и стрелец.

Првите три компании ќе добијат и ваучери за бесплатни термини и рекламирање во Спортската сала „Билјанини Извори“.

ЈП „Билјанини Извори“ ги поканува сите љубители на фудбалот, спортот, граѓани на Охрид да присуствуваат на финалните натпревари од Бизнис лигата во мал фудбал Охрид 2018.