Утре ќе се одржи четвртата форумска сесија

Општина Охрид во рамки на втората компонента од проектот „Зајакнување на општинските совети” во четврток на 13-ти декември 2018 година, ја организира четвртата форумска сесија од Форумот на заедници.

Во рамки на оваа сесија од страна на присутните на форумот ќе биде одлучено кој од предложените предлог проекти кои беа презентирани на третата форумска сесија ќе бидат финансирани со средства од UNDP и Швајцарската амбасада во Република Македонија, со вкупен буџет од 50.000 швајцарски франци.

Проектите беа предложени и изработени од страна на седумте работни групи на Форумот на заедници, во кои има претставници на Советот на општина Охрид, општинската администрација, претставници на невладиниот и бизнис сектор.

По повод организирањето на форумските сесии Општина Охрид ги поканува да земат учество сите граѓани со цел да го дадат својот придонес за транспарентно спроведување на процесот и избор на проект кој е од интерес за локалната заедница.

Четвртата форумска сесија ќе се одржи во хотелот „Ривиера“ со почеток во 14:00 часот.