28/03/2024
Дебрца

Утре ќе се врши излов на рибите од акумулацијата Слатино

За да се избегне еколошка катастрофа на акумулацијата Слатино, на 08 јуни во сабота ќе се изврши излов на рибата од оваа риболовна вода. Изловот се врши согласно Мислењето на ЈНУ Хидробиолошки институт, а по Одлука на Министерот за земјоделие и решение на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Рибата ќе се излови со влак под надзор на претставници од ЈНУ Хидробиолошки завод и Државен инспектор за рибарство.

Уловените крупни примероци (потенцијални матици) од видот на автохтонен крап Cyprinus carpio ќе бидат пренесени во езерцето (биофилтер) во дворното место на ЈНУ Хидробиолошки завод, каде ќе престојуваат се до моментот на разрешување на проблемот.

Останатите ситни риби од сите видови кои ќе бидат уловени ќе бидат префрлени во „Требенишко Езеро“ и во останатите водни токови во сливното подрачје на Охридско Езеро. Евентуално присутни неавхтони видови ќе бидат отстранети.