29/03/2024
Охрид

Утре отворен ден со граѓаните во канцеларијата на Централниот регистар во Охрид

Централниот регистар на Република Северна Македонија започнува со спроведување на акцијата Отворени денови со граѓаните.

Стручен тим предводен од Директорката Марија Бошковска – Јанковски на 04.10.2019 година (петок) во период од 11:00 до 14:00 часот ќе одржи отворен ден со граѓаните во канцеларијата на Централниот регистар во Охрид.

За време за отворениот ден граѓаните ќе имаат можност да се консултираат за прашања поврзани со работењето на институцијата и да добијат потребни информации и одговори на нивните прашања.