19/04/2024
Македонија

Утре протест на македонскиот народ пред Собранието

ПРОТЕСТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

ГИ ОТФРЛАМЕ АНТИМАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИКИ И НЕ ГИ ПРИЗНАВАМЕ

НЕЛЕГАЛНИТЕ И НЕЛЕГИТИМНИТЕ ДЕЈСТВА, ОДЛУКИ, ДОГОВОРИ, ЗАКОНИ, СПОГОДБИ . . .

На ден 10.02.2018 година (Сабота), во 5 до 12.00 часот и понатаму, СЕКОЈА Сабота, во 5 до 12 часот, пред Собранието на РМ, ќе има масовен ПРОТЕСТ.

Ќе продолжи Предупредувачкиот мирен протест на Македонскиот народ против промена на името, нелегитимните капитулантски спогодби, преговори, договори, одлуки, закони . . . со кои се уништува Македонскиот народ и Македонската држава.

СЕКОЈ Вторник и Петок, во 5 до 12 часот, во паркот Жена борец, во Кампусот на бранителите, пред Собранието на РМ, Македонскиот народ ќе води НАРОДНА ДЕБАТА, разговори и обраќања кои ќе бидат насочени КОН и како припрема за најавената ОТВОРЕНА НАЦИОНАЛНА ДЕБАТА, која е во прилог и дел на ПРОТЕСТИТЕ на Македонскиот народ.

Свое обраќање ќе има Македонскиот народ – Суверенот – гласачите на РМ, кои ќе ги изразат своето несогласување, мислења, ставови, за наметнатиот спор за името и наметнатите решенија за истиот, НЕПРИФАЌАЊЕТО, ОТПОР, (БОЈКОТ), ГРАЃАНСКА НЕПОСЛУШНОСТ кон непринципиелните АНТИМАКЕДОНСКИ ПОЛИТИКИ И ОДЛУКИ на нелегалната и нелегитимна, инсталирани за спроведување на туѓи, АНТИМАКЕДОНСКИ ИНТЕРЕСИ. И за враќање на насилно одземениот народен и државен суверенитет, за спасување на македонскиот народ и на македонската држава од разнебитување и уништување со цивилизациски геноцид.

Протестите се континуирани, со поведените граѓански иницијативи за заштита на македонските народни, националните, државните и цивилизациски интереси, секој ден, преку целиот ден, сѐ до исполнување на протестните барања.

Со оглед на тоа дека се работи за мирољубив граѓански цивилизиран собир и протест против наметнатите непринципиелни, узурпаторски, диктаторски и геноцидни политики спрема македонскиот народ и македонската држава, ќе упатиме апел до граѓаните своето граѓанско и цивилизациско право да го изразат достоинствено, цивилизирано и секој граѓанин учесник во овој мирен протест, кој е од негово и во негово име, да биде совесен, одговорен за себе и за другите и да го запазува и да не го нарушува јавниот ред и мир.

09.02.2018 г., Скопје

За организаторите Движење на македонските носители и

Здружение на граѓани “ПРЕРОДБА” бранители на државниот суверенитет

Претседател Ана Бобинкова Мијаковска ЕДИНСТВЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ПАТ

Движење за цивилизациските вредност

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.