Утре во Охрид ќе се одржи Интернационалниот Олимписки пливачки маратон 2018

Клубот за спортови на вода „ОХРИДСКИ БРАНОВИ 2008“ – Охрид, го најавува одржувањето на Интернационалниот Олимписки пливачки маратон на 10 км. „Охрид 2018” кој ќе се одржи утре (11.08.2018) на Охридското Езеро на водената површина помеѓу „Старото пристаниште-х.Палас” и х. Милениум. Предвидено е стартот на трката за мажи да биде во 12:00 часот, за жени во 12:05 часот, а пристигнување на пливачите на целта се очекува околу 14 часот кога ќе се доделат медали на победниците.

За регуларноста на Пливачкиот маратон на 10 км., како олимписка дисциплина, ќе се грижат судии од Меѓународната пливачка федерација ФИНА и клубот „Охридски бранови 2008“.

Интернационалниот Олимписки пливачки маратон ќе се одржи по втор пат во Македонија.