Утре во Охрид ќе се одржи крводарителска акција

Црвен крст Охрид ја најавува традиционалната крводарителска акција која во соработка со Тамаро маркети ќе се реализира утре (15.09.2018) од 10:00 до 14:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид.

„Со цел да се задоволат потребите за крв и крвни продукти во здравствените установи во Охрид ги покануваме нашите хумани сограѓани да бидат дел од оваа крводарителска акција и заедно со вработените во маркетите ТАМАРО да ја даруваат драгоцената течност.“ – информираат од Црвен крст Охрид.

Учесниците на оваа крводарителска акција ќе имаат можност да уживаат во бројни креативни содржини и вкусат специфични производи подготвени од партнерот на оваа крводарителска акција Тамаро маркети, кои секој крводарител ќе го изненадат со подарок.