28/03/2024
Струга

Утре во Струга ќе се одржи промотивен инфо ден „Гаранција за млади“

Во рамките на програмата ГАРАНЦИЈА ЗА МЛАДИ утре ќе се организира промотивен инфо ден за програмата која претставува сет на валидни мерки кои имаат за цел да гарантираат за квалитетни услуги кои им се нудат на младите во насока на вработување, континуирана едукација, доедукација, пракса и тренинг.

Програмата е наменета за млади лица (15-29) години кои во моментот се невработени и не се во процес на образование или обука, им се дава можност да станат дел од Гаранцијата за млади и имаат шанса да се вклучат во некоја од активните мерки на Агенција за вработување.

Овие и дополнителни информации за програмата ќе се споделат утре во центарот на Струга од 13.00 часот.