18/04/2024
Охрид

Утре забрана за сообраќај на дел од улицата „Гоце Делчев“

Во сабота, (16.12.2017) во периодот од 09:00 до 13:00 часот, на улицата „Гоце Делчев“ – потег од крстосницата помеѓу улицата „Абас Емин“ и улицата „Гоце Делчев“ до крстосницата помеѓу улица „Гоце Делчев“ и улица „Пирин Планина“, ќе се изведуваат градежни работи околу санација и реконструкција на тротоарот. Поради тоа овој дел на улицата „Гоце Делчев“ ќе биде забранет за секаков вид на сообраќај.

Надлежните општински служби, на крстосницата помеѓу улицата „Абас Емин“ и улицата „Гоце Делчев“ ќе постават соодветна сообраќајна сигнализација.