Утре започнува 22-то издание на Василичарски Карневал Куратица – 2020

Месната заедница од село Куратица, Здружението на граѓани Св.Василиј и населението на с.Куратица ве покануваат на 22-то издание на Василичарски Карневал Куратица – 2020. Бидете дел од традиција стара 500 години пренесувана од колено на колено.

ПРОГРАМА 2020

13ти Јануари

  • 18:00 часот тргнување на василичарската поворка од пред васличарскиот оган, во посета на сите домаќинства
  • Околу 04:00 часот завршување со посета на сите домаќинства

14ти Јануари

  • 19:00 часот, Музичкиот дел го започнуваат Влатко Миладиноски, Златко Миладиноски, Дамјан Стојаноски и Дарко Стојаноски празнување со дефиле на маските во 20:30 часот.
  • 22:30 часот прогласување на најдобрите детски и возрасни маски, проследено со огномет.
  • 01:00 часот привршување на василичарските празнувања.