В.д. градоначалникот Георгиески со честитка по повод Меѓународниот ден на Ромите

Вршителот на должност градоначалник Константин Георгиевски упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија, по повод 8-ми април – Меѓународниот ден на Ромите.

Почитувањето на човековите права, социјалната правда и еднаквите можности на сите граѓани  отсекогаш биле и ќе бидат основа во нашето општествено функционирање. Посакувам и понатаму сите заедно и посветено да продолжиме да придонесуваме во развојот и напредокот на нашиот град и татковина.Најискрено ви го честитам 8-ми април, Меѓународниот ден на Ромите, посакувајќи ви успех и просперитет како на  личен  така и наплан на заедницата. Вашата традиција, култура и начин на живеење се  нераскинлив дел  од нашето секојдневие и од македонското мултиетничко  општество. На овој ден празнуваме за различностите, но и за евалуација на степенот на вклученост на ромите во општественото живеење.

Посакувам уште долги години  да го прославувате овој празник во добро здравје, среќа и напредок.“ – стои во честитката од в.д. градоначалникот Георгиески.