25/04/2024
Македонија

Вандализам во градското шеталиште во Битола

Синоќа во градското шеталиште беа целосно оштетени две канделабри и околни дрвја од страна на засега непознати лица. Настанот е пријавен во битолската полиција, кои по извршениот увид на лице место, направија полициски записник.

Утринава, екипи од ЈКП „Комуналец“ и Општина Битола, презедоа мерки за обезбедување на местото. Канделабрите се отстранети, а екипите на терен извршија изолација на жиците и каблите за струја, кои исто така беа искинати. 

Канделабрите се изработени од масивно железо тешко за отстранување, што значи дека за нивно уништување е употребена голема сила.