20/04/2024
Охрид

Ваш реонски општинар

Општина Охрид започнува со реализација на проектот „Ваш реонски општинар“.  Со проектот Локалната власт се доближува до граѓаните  со цел да се овозможи на лице место да се примаат забелешки за комуналните проблеми со кои тие се соочуваат, да се увиди состојбата на самото место односно самата улица и да се постапи по сите забелешки кои се во надлежност на Општина Охрид.

Со овој Проект градот Охрид е поделен на 5 реони при што точно се дефинирани границите на секој реон.  За секој реон ќе бидат одговорни по двајца вработени во локалната самоуправа кои преку теренски активности и средби со граѓаните ќе прибираат информации за сите нивни проблеми и потреби.

Преку  web страната на Општина Охрид и на  телефонскиот број  072 800 705  охриѓани ќе можат да воспостават непосреден контакт со реонскиот општинар и ќе можат да договараат средби на местото каде е посочен комуналниот проблем .

По секоја забелешка или предлог од страна на граѓаните ќе се отвара посебен предмет и истите ќе бидат информирани за начинот на решавање на проблемот и за временската рамка кога ќе се реши истиот.

Со ваквиот начин на работа,  преку овој Проект побрзо ќе започнат да се решаваат проблемите на граѓаните и истиот  ќе биде основа за изработка на програмските  активности  од комуналната сфера  на Општина Охрид.