29/03/2024
Охрид

Вечерна богослужба и света литургија за празникот Св.мч-ци Кирик и Јулита

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре петок (27.07.2018), во црквата „Света Богородица Болничка“ – Охрид, со почеток во 18:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Св.мч-ци Кирик и Јулита“.

На 28-ми јули (сабота), со почеток во 07:30 часот ќе се служи празнична утрена богослужба и света божествена литургија, по завршувањето на литургијата во дворот на црквата свештенослужителите ќе извршат свечен водосвет.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.