23/04/2024
Охрид

Вечерна богослужба на Плаошник за именденот на Митрополитот Тимотеј

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 3ти февруари (сабота), во манастирот„Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид, со почеток во 16:00 часот, ќе се служи вечерна богослужба, по повод празникот „Св.ап. Тимотеј“ (именден на Митрополит Тимотеј). На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

На 4ти февруари 2018 година (недела), со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.