29/03/2024
Спорт

Вечерва ќе се одиграат завршните натпревари од Баскет турнирот 3х3

Вечер со почеток од 20:00 часот стартува долгоочекуваната завршница на Баскет турнирот 3×3 кој го организира ЈП „Билјанини Извори“ во соработка со Општина Охрид. Завршницата стартува со двата полуфинални натпревари и тоа:

Ликвид – НОА

Дента Медика – Алпојо

После одигрувањето на полуфиналните натпревари ќе се одигра самата завршница, натпреварите за трето и прво место, по што ќе ги добиеме најдобропласираните екипи на овогодинешното второ издание на турнирот во Баскет 3×3.

За првопласираните организаторот обезбеди медали и пехари како и парични награди и тоа за прво место 15 000 денари, за второ 7 000 денари и за трето 4 000 денари.

Спортската вечер започнува од 18:00 часот со ракометниот натпревар од супер лигата во ракомет помеѓу нашиот Охрид и Металург 2 за да продолжи со супер интересната завршница од турнирот во Баскет 3×3.