25/04/2024
Македонија

Вечерва во Музејот на Македонија промоција и џез концерт

Со промоција на публикацијата чии уредници се доц. д-р Ана Никодиновска-Крстевска и вон.проф. м-р Јана Јакимовска, вечерва (20 часот) во кино-салата на Музејот на Македонија завршува мултимедијалниот настан „Не е шега: дискриминација и цензура“.

По промоцијата на публикацијата, со почеток во 21 часот ќе се одржи и џез концерт на студентите на Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, под раководство на проф. Тони Китановски.

Десетдневниот настан, Музејот на Македонија го реализираше во соработка на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и дебатното кино Контра-кадар Скопје.