24/04/2024
Охрид

Велигденска честитка од в.д. градоначалникот Константин Георгиески

В.д.градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, упати честитка до сите граѓани, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

„На сите православни верници им го честитам најголемиот христијански празник Велигден, со најискрени желби за добро здравје , љубов и меѓусебно разбирање. Нека овој празник за сите нас биде поттик да правиме добри дела, настојувајќи да изградиме општество на среќни, силни и солидарни луѓе. Посакувам во вашите срца да завладее празнична радост и со Божји благослов, Велигден да го прославите со своите најблиски, во мир и благосостојба– стои во честитката.