Верници се упатуваат кон манастирот Св.Еразмо Охридски

По повод празникот посветен на Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски вечерва во манастирот Св.Еразмо Охрид се служеше празнична вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Многу верници палеа свеќи и се молеа за здравје, среќа и благосостојба.

Света архиерејска литургија, по повод празникот ќе се служи и утре, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Вископреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

Овој манастир посветен на антиохискиот архиепископ Еразмо, се наоѓа на околу три километри од Охрид, во карпите, десно од патот што води од Охрид кон Струга.

За многу години!

WebOhrid