28/03/2024
Охрид

Верниците се упатуваат кон манастирот „Сите Светии – Си Свети“ во Лешани

Верниците вечерва се упатуваат кон манастирот „Сите Светии – Си Свети“ во Лешани, по повод празникот посветен на Сите Светии, во народот познат како Сисвети. Голем број верници од вечерва го посетуваат манастирот, палат свеќи и се молат за здравје и среќа.

Манастирот „Сите Светии“ кој се наоѓа во Лешани, во областа Долна Дебрца, Охридско е единствениот манастир во Македонија кој е посветен на сите светии.

За многу години!

WebOhrid