28/03/2024
МакедонијаСтруга

Вевчанци открија спомен-биста на еден од своите најславни предци, Михајло Пупин – таткото на глобализацијата

Денес напладне, во центарот на Вевчани, откриена е Спомен биста на Михајло Пупин – Идворски, еден од најголемите умови од овој дел на светот, кој се смета за татко на глобализацијата, додека корените му се од Вевчани.

„Она што не обединува и не поттикнува е фактот дека Вевчани, Република Северна Македонија и Идвор – Ковачица, Република Србија, имаат воспоставено драгоцена и за почит соработка, која не повикува и во иднина да ја негуваме и надградуваме, а се темели врз научното и хумано дело и споменот на светскиот научник, Михајло Пупин – Идворски,“ – рече на свеченоста градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски..

За големото научно дело на Михаило Пупин (1858-1935), за неговите заложби за обезбедување на статус на автономија на Македонија, врските и лобирањето кај американскиот претседател, во тоа време Видрон Вилсон, како и за учеството на Париската мировна конференција, каде ја изработил Декларацијата за правата на малите народи, говореше професор д-р Павле Митрески, еден од најголемите проучувачи на Пупин на балканскиот простор.

„Пупин беше голем филантроп, кој свесен за своите корени од овие простори, во Охрид изгради две училишни згради, ја подари, во тоа време најголемата камбана (црковно звоно) на Балканот за камбанаријата на црквата Света Богородица Перивлепта, а преку фондацијата со имнето на мајка си Алимпија, стгипендираше млади охригани на универзитетите во Европа,“ – додаде д-р Павле Митрески.

На свеченоста присуствуваше бројна делкегација од Република Србија: Душко Белиќ, претседател на МЗ од Идвор, Војводина, Слободан Зокиќ, директорот на Домот на културата Михајло Пупин, од Идвор, скулпторот кој ја изработи бистата, Бојан Ѓорѓевиќ од Белград,

Потоа, екипа на дневниот весник Политика и на Културно – oбразовната програма на РТС, како е потомокот од семејството Пупинови кој живее во Белград, Стефан Пупин Ѓоѓевски.

Присутни беа и претставници на Фондацијата “Младен Селак”, која ја плати изработката на бистата.

Вевчанци, во 2008 година, го реконструираа Спомен дом на Пупинови. Семејната куќа во која живееле претците на научникот е изградена во средината на 19-от век.

Поддршка дадоа тогашните претседатели на Македонската и Српската академија на науките и уметностите, академиците Владо Камбовски и Никола Хајдин кои неколку дена престојуваат во Спомен-домот на Пупинови.

Академиците, заедно со истакнати претставници од македонскиот културен, историски и научен живот, одржаа и тркалезна маса, посветена на великанот во обласна на физиката и електрониката, Михајло Пупин.

Веле Митаноски