29/03/2024
МакедонијаСтруга

Вевчанец приведен при пасошка контрола на ГП Табановце

На 26.12.2017 година во 13.10 часот на Граничниот премин Табановце, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето В.Ш. (64) од с.Вевчани се наоѓа на СТОП- листа за издржување казна затвор во траење од три месеци за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, по член 292 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

Лицето било лишено од слобода и со потврда било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.